Наполи бара замена за Конте – во игра се три имиња!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


По елиминацијата од БиХ, фудбалската репрезентација на Италија доживе нов срам, откако нема да учествува на трето Светско првенство по ред.

По Светското првенство во Русија 2018 и Катар четири години подоцна, „азурите” ќе го пропуштат и шампионатот што ова лето се одржува во САД, Канада и Мексико.

Тоа доведе до огромни промени во италијанскиот Сојуз, а и репрезентативниот фудбал е во целосен хаос.

Како спасител е означен Антонио Конте, кој се уште е тренер на Наполи и ја брани титулата во Серија А. Меѓутоа, италијанските медиуми сè повеќе пишуваат дека ќе се врати во националниот тим, на чија клупа седеше во 2014 и 2016 година.

Претседателот на тимот од Неапол, Аурелио де Лаурентис нема да прави проблеми на шефот на стручниот штаб за да премине на новата функција, иако договорот важи до 2027.

Затоа во Неапол се свртеа кон нови решенија и потрага за наследникот на Конте. Како што пренесува “Газета дело Спорт”, тројца кандидати испливаа во прв план: Тијаго Мота, што немаше ангажман по заминувањето од Јувентус, потоа тренерот на Болоња Винченцо Италијано и на крајот Фабио Гросо, поранешен шеф на Олимпик од Лион, кој успешно го води прволигашот Сасуоло.