Наполи: Елмас само се шегуваше!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидерот во Серија А, Наполи конечно испрати соопштение за статусот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој објави фотографија на Инстаграм и напиша „мојата прва љубов (клупата).

Елмас е резервен фудбалер кај тренерот Лучано Спалети и неговата објава предизвика бура во Италија, по што следеше реакција од Наполи.

Спалети кажа дека секој фудбалер во Наполи е важен, посебно резервите, но сепак директорот на клубот, Кристијано Џунтоли стави точка на драмата.

„Елмас имаше неверојатна сезона со седум голови и пет асистенции и речиси секојпат стартуваше како резерва во 2021/22. Тој само се пошегува на Инстаграм и ништо повеќе“, кажа директорот.