Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи реши да го продаде Аркадиуш Милик, а долго време се најавуваше дека фудбалерот ќе се пресели во Мадрид, но сепак такво нешто нема да се случи.
Милик ќе се пресели во Олимпик Марсеј, откако по долги преговорите двете екипи успеаа да се договорат. Наполи бараше 15 милиони евра и процент од следната продажба, а Марсеј нудеше помалку.
Наполи ќе добие осум милиони евра, плус пет во зависност од тоа колку бодови ќе освои Марсеј, по што францускиот тим ќе мора да плати и 30 проценти од следниот трансфер.
Кога се личните услови во прашање, Милик ќе потпише договор до 2025 година за плата од 4.5 милиони евра по сезона.