Наполи го урна клупскиот рекорд: Лозано е нов соиграч на Елмас (ФОТО)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Мексиканскиот фудбалер Ирвинг Лозано и официјално е нов фудбалер на Наполи, кој плати 38 милиони евра плус бонуси и го урна клупскиот рекорд, а играчот потпиша петгодишен договор.

Станува збор за фудбалер, кој пристигнува од ПСВ, во чиј дрес играше неверојатно, а минатата сезона постигна 21 гол и 17 асистенции.

Лозано е десетто засилување за Наполи летово, а претходно во клубот пристигнаа Костас Манолас, Алекс Мерет, Џовани Ди Лоренцо, Елиф Елмас…

Со Наполи долго време се поврзуваат и Хамес Родригез и Мауро Икарди, но засега не е познато дали ќе успеат да ги ангажираат и нив.

Наполи сезоната ќе ја почне во Серија А против Фиорентина.