Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Италијанските медиуми објавија дека Елиф Елмас на лето би можел да си замине од Наполи, ако тимот добие понуда од 25 милиони евра.
Неколку тимови во претходниот период испратија таква сума на пари, но Наполи ги одби нивните понуди, па сега само Борусија Дортмунд и Бенфика се заинтересирани за македонскиот репрезентативец.
Македонецот прикажува солидни настапи кога е на теренот за Наполи, а одличен беше и за македонската фудбалска репрезентација, па не чуди што големи тимови се заинтересирани за неговиот потпис.
„Бенфика и Борусија Дортмунд се многу заинтересирани за Елмас. Летово ако повторно пристигне понуда од 25 милиони евра. Во Наполи ќе ја разгледаат и веројатно ќе ја прифатат“, пишува италијански новинар.
Елмас во Наполи дојде во летото 2019 година од Фенербахче за сума од 16 милиони евра.