Наполи презадоволен од Елмас: Македонецот добива нов договор!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пред една година пристигна во Наполи за 16 милиони евра, а по неговите одлични настапи сезонава, тој ќе добие нова соработка.

Елмас остави добар впечаток кај тренерот Џенаро Гатузо, кој сака да соработува со Македонецот и во годините кои доаѓаат, па поради тоа нашиот фудбалер ќе потпише договор на дополнителна една година.

Елмас ќе добие соработка до 2025 година, а засега не се открива дали ќе добие подобри услови за да остане во италијанската екипа.

Македонскиот фудбалер заедно со Наполи сезонава го освои Купот на Италија.