Наполи сака да го продаде во Ал Ахли, а Осимен бара трансфер во Челси


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Продолжува сапуницата за иднината на Виктор Осимен, откако Наполи се договори со Ал Ахли за негов трансфер.

Ал Ахли понуди 80 милиони евра и Наполи ја прифати понудата, а исто така Осимен доби предлог да прифати годишна плата од 30 милиони евра, но засега нема одговор.

Иако клубовите се договорени, сепак Осимен не попушта и води преговори со Челси за трансфер во Премиерлигата.

Осимен има желба да потпише со „сините“, кои напорно работат да ги исполнат неговите барања.