Наполи жестоко го казни бунтовникот Инсиње, позната е казната и за Елмас


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хаосот во Наполи уште не престанува откако фудбалерите на тимот пред неколку недели одбија да заминат во карантин по мечот во Лигата на шампиони против Салцбург.

Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис по поразот од Рома пред неколку недели им нареди на играчите да одат во карантин, но тие не го почитуваа тоа, по што газдата најави казни.

Првиот човек на Наполи порача дека на зима ќе ги продаде фудбалерите кои го почнаа бунтот, а на удар се најде и Лоренцо Инсиње.

„Газета дело Спорт“ објави дека Инсиње ќе добие најголема казна, зашто бил лидер на бунтот, па наводно ќе треба да плати 350.000 евра, додека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе помине многу полесно, односно ќе плати 57.000 евра.