„Направивме сè за да заигра Меси за Шпанија, но никој не можеше да го убеди“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси веќе со години доминира во светот на фудбалот, а можел да има различна репрезентативна кариера, ако се согласел на понудата од Шпанија.

Поранешниот селектор на Шпанија, Винсенте дел Боске откри дека понудата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија била испратена до Меси, но таа била одбиена.

Причината била едноставна. Никој не можел да го убеди да го остави дресот на Аргентина.

„Одби да настапи за Шпанија, зашто ја сака својата земја. Никој жив не можеше да го убеди да го остави дресот на Аргентина. Шпанците му испратија понуда на Меси, но тој ја сакаше својата татковина. Доколку прифатеше да игра за Шпанија, можеби ќе го освоеше Светското првенство. Сепак, во Аргентина тогаш ќе го сметаа за предавник“, вели Дел Боске.