Напредок во преговорите: Челси на праг да добие страшно засилување (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси досега се засили со Рахим Стерлинг од Манчестер сити и Калиду Кулибали од Наполи, а наскоро премиерлигашот би можел да добие и трето засилулвање.

Премиерлигашот од Лондон преговара за уште еден одличен дефанзивец, а тоа е Жил Кунде од Севиља, која долго време не попушташе.

Гигантот од Лондон испратил понуда од 55 милиони фунти, а тоа треба да ги задоволи очекувањата на тимот од Андалузија, иако сè уште се чека „зелено светло“.

Кунде треба да потпише договор со Челси до 2027 година, а засега не се открива колку пари ќе добива годишно од поранешниот европски шампион.

Барселона, исто така, е заинтересирана за Кунде, но засега нема испратено понуда до Севиља.