Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската федерација на Саудиска Арабија им нареди на тимовите да го напуштат Иран и да се вратат во татковината, по контроверзната статуа на Касум Сулејмани, убиен ирански генерал кој е сметан за воен злосторник во С. Арабија.
Дуелот меѓу Сепахан и Ал Итихад беше одложен поради статуата, која се најде на местото на кое фудбалерите поминуваат при излегување на теренот.
Засега не е познато ниту дали ќе се одигра мечот меѓу Насаји Мазандаран и Ал Хилал, кој беше закажан за денеска од 18 часот.