„Нашите односи со Реал Мадрид се многу лоши и моментално се прекинати“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жоан Лапорта одлучи да додаде „масло на огнот“ пред новото Ел Класико. Еве што изјави за Реал Мадрид.

Пред финалето на Суперкупот на Шпанија кое се игра во Саудиска Арабија, од таборот на Барселона пристигнаа пораки кои дополнително ја зажарија веќе врелата атмосфера пред Ел Класико.

Претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта престојуваше во Џеда на свечениот прием кој го организираше Шпанската фудбалска асоцијација (RFEF), каде без задршка говореше за односите со Реал Мадрид и немаше ништо добро да каже.

“Нашите односи со Реал Мадрид се многу лоши и моментално се прекинати. Секогаш можат да се подобрат, но во овој момент состојбата е таква каква што е”, изјави Лапорта, јасно алудирајќи на сериозната институционална криза меѓу двата најголеми шпански клуба.

Сепак, првиот човек на Барселона нагласи дека, без оглед на сѐ, почитта кон најголемиот ривал не смее и нема да исчезне.

“Тоа не значи дека нема респект, бидејќи тој секогаш постои, без оглед какви се односите. Така ќе се однесуваме. Во фудбалот сѐ може да се поправи, но тоа зависи од двете страни”, додаде Лапорта.