Навас ја откри вистината за неодамнешниот повик од Барселона


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Кејлор Навас се поврзуваше со Барселона кон крајот на минатата година кога Каталонците бараа голман откако Марк-Андре тер Штеген се повреди. Искусниот голман одлучи по прв пат да зборува за тоа и да ја разјасни мистеријата дали имало повик од Барселона.

Барселона кон крајот на септември остана без Тер Штеген кој ги скина лигаментите на гостувањето кај Виљареал, што за Ханси Флик беше голем удар.

Иако трансфер периодот тогаш веќе беше завршен, Каталонците добија дозвола да доведат нов голман, а еден од кандидатите за пристигнување во Барселона беше и искусниот Кејлор Навас.

Тоа предизвика големо внимание во јавноста во Шпанија, имајќи предвид дека Навас ги мина најдобрите денови од кариерата во Реал Мадрид, и фактот дека би можел да потпише за Барселона не им беше многу по волја на навивачите на кралскиот клуб.

Дури се шпекулираше дека Навас е тој кој отворено им се понудил на Барселона и порача дека е подготвен да дојде, но искусниот голман сега одлучи конечно да ја каже вистината.

Навас призна дека постоел контакт со Барселона, но дека тој не бил тој кој се понудил на Каталонците.

„Дали ме повика Барселона кога Тер Штеген се повреди? Да, контактираа со мојот агент кој ми соопшти дека постои интерес да ме доведат. Тоа за мене беше голем комплимент, но и комплицирана ситуација”, вели Навас.

Фото: Принтскрин