Навас го напушта ПСЖ и се сели во Англија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ сака да го продаде голманот Кејлор Навас, а како негова следна дестинација се споменува Премиерлигата.

Навас не е среќен на „Паркот на принцовите“ и затоа среќата ќе си ја бара на друго место, а ПСЖ веќе почнал преговори со Нотингем Форест за трансфер.

Парижаните се обидуваа да го продадат и минатото лето, меѓутоа голманот одби неколку понуди затоа што сметаше дека може да се бори за стартно место меѓу стативите.

Меѓутоа на Навас му стана јасно дека тоа нема да се случи и затоа ќе си ја бара среќата на друго место, односно во Нотингем Форест.