Навивачите на Јуве не можат да му го простат потегот на Сари од 2018. година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Сари е нов тренер на Јунвентус. Тој со Старата дама потпиша тригодишен договор, а во клубот стигна од Челси. Италијанскиот стручњак имаше намера да остане во лондонскиот клуб до крајот на договорот, но кога Јуве покажа интерес, не можеше да оддолее.

Јуве и Сари многу брзо се договорија за условите за соработка, а вчера се беше и официјално потврдено. Меѓутоа, доаѓањето на Сари не ги воодушеви баш навивачите на Јувентус.

Имено, навивачите на Јуве веднаш почнаа да го споделуваат видеото кое беше снимено во 2018. година додека Сари ги водеше Наполи. Пред натпреварот против Јувентус додека автобусот на Наполи се доближуваше до Алианц Арената, Сари им покажа среден прст на група навивачи кои беа собрани пред стадионот.

Ова видео веднаш стана хит на социјалните мрежи, а многу навивачи не можат да му го простат овој потег и повикаа и останатите да го дочекаат со свирежи на првиот меч на Јувентс на домашен терен наредната сезона.