На навивачите на Арсенал нема да им се допадне потегот на Обамејанг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судејќи според потегот што го направи Обамејанг би можел многу брзо да го напушти тимот на Арсенал.

Имено, Габонецот вчера ја избриша профилната слика на Инстаграм на која беше во дрес од Арсенал, а покрај тоа го избриша и описот на профилот каде што стоеше дека е фудбалер на Арсенал.

Со овој потег тој даде до знаеше дека воопшто не е среќен што нема да игра во Лига на Шампиони, бидејќи во Премиер лигата не завршија во ТОП 4.

Единствена надеж беше Европа лигата, но загубија во финалето од Челси.

Во текот на сезоната Обамејонг беше поврзуван со Реал Мадрид, а наводно Кралскиот клуб понудил 85 милиони евра. Сепак тешко е да се верува дека летово Габонецот ќе премине на Сантијаго Бернабеу.

Како и да е овој негов потег нема да им се допадне на навивачите на Топџиите.