Навивач на Арсенал заврши во затвор поради Мудрик


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал го доби дербито против Челси со 3-1 во англиската Премиерлига и за момент се врати на првата позиција на табелата, меѓутоа на „Емирати“ мета на навреди беше Михајло Мудрик.

Мудрик беше на праг да потпише за Арсенал, по што се премисли и замина во Челси, а тоа не му го простуваат навивачите.

Еден навивач користеше ласер за да му пречи на Мудрик додека играше на теренот, а поради тоа заврши во затвор.

За разлика од навивачите и потегот на Арсенал кој соопшти дека ќе го санкционира остро навивачот, Мудрик напиша кратка порака на Инстаграм – „Сè е во ред“.