Навивач на Бешикташ купил билет и поставил картон со ликот на Џорџ Флојд на трибината


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Бешикташ беа поразени на домашен терен од Анталијаспор 1:2 во саботата, што беше шокантен пораз.

За среќа за играчите на овој клуб, натпреварот се одигра без публика, па затоа не мораше да поминат низ многу врева поради нивниот пораз.

Сепак, еден многу убав потег го забележаа навивачите на Бешикташ неколку дена пред овој натпревар со Анталијаспор.

Бидејќи забраната за навивачите на трибините е на сила, тие би можеле да купат билет и да го стават својот „картонски лик“ на трибините.

Еден навивач на овој клуб купи билет за убиениот Џорџ Флојд, а неговиот лик е сместен на трибините на Водафон Парк.