Навивач на Евертон втрча на терен за да се пресмета со Бенитез! 🎥


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Норич го совлада Евертон со 2-1 во 22. коло од Премиерлигата, а еден навивач на гостите не беше задоволен од настапите на неговите фудбалери, па сакаше бесот да го истури врз тренерот Рафаел Бенитез.

На средината на првото полувреме беше забележана неверојатна сцена, кога навивачот втрча на теренот, а потоа тргна да се тепа со Бенитез, но редарите реагираа експресно и спречија поголем инцидент.