Навивач на Партизан загина на фронтот во Украина, Гробари ги открија неговите последни зборови


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тажна вест беше објавена на официјалниот Инстаграм профил на навивачката група Гробари. Навивачот на Партизан Владимир Јуриевич загина на фронтот борејќи се на руската страна за време на конфликтот со Украина.

Инцидентот се случи на фронтот кај Доњецк, кога нагази на мина и остана без нозе. На Инстаграм страницата на Гробари се наведуваат и неговите последни зборови.

Нашиот руски брат Владимир „Валадаја“ Јуриевич загина за време на извршување на борбената задача, нагази на мина, последните зборови му беа: „Немам нозе, не можам да одам. Слава за Русија“. Почивај во мир Владо брате! ТВОИТЕ СРБИ, ТВОИТЕ ГРОБАРИ – стои во објавата на Гробари заедно со цитат од еден од форумите на Партизан.

Фото: Гробари Официјал