Навивач втрча на терен, а Роналдо ги воодушеви сите со својата реакција (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо е главен на теренот без разлика каде ќе се појави, па така беше и на мечот меѓу Португалија и Луксембург (6-0) во кој постигна два гола.

Капитенот на Португалија и фудбалер на Ал Наср го покажа својот квалитет на теренот, а во дуелот против Луксембург на терен втрча еден навивач.

Обезбедувањето успеа да го стигне и го изнесе од теренот, а Роналдо му возврати со реакција која ги воодушеви навивачите.

Роналдо се сврте кон навивачот, покажа кренат палец и се насмевна.