Навивач втрча на теренот поради Роналдо, а тој му го скрши срцето! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед во третото коло од Лигата на шампиони славеше против Аталанта со 3-2 по голем пресврт.

Тимот од Бергамо имаше водство од 2-0 на полувреме, но потоа Манчестер јунајтед направи пресврт, а голот за три бода го постигна Кристијано Роналдо во 81. минута.

За Роналдо тоа беше 124. гол во кариерата во елитното натпреварување, а по мечот бурно го прослави триумфот, но и му го скрши срцето на еден навивач.

Навивач на Манчестер јунајтед успеа да им избега на редарите и да втрча на теренот за да стигне до Роналдо.

Тој стигна до Роналдо и го замоли да му го даде дресот, меѓутоа Португалецот го одби и луто го погледна навивачот, по што си продолжи по својот пат кон соблекувалната.