Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хајдук загуби во третото квалификациско коло од Конференциската лига, а тоа ги налути навивачите на тимот од Сплит.
Вредноста на Хајдук е над 50 милиони евра, додека Ружомберок вреди седум пати помалку, но и покрај тоа хрватската екипа доживеа елиминација.
Навивачите поради тоа решија да се пресметаат со претседателот на Хајдук и тргнаа кон свечената ложа.
Кон Иван Билиќ летнаа неколку чаши, но за негова среќа не бил погоден, иако мораше да интервенира и полицијата.