Навивачите го бркаат Алексис од Манчестер Јунајтед поради лајк на Инстаграм


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црвените Ѓаволи направија се за да можат да го доведат Алексис и му дадоа неверојатна неделна плата од 500.000 евра. Но, многу брзо се покажа дека чилеанскиот напаѓач е едно од најлошите засилувања во историјата на Јунајтед.

Алексис во овие 18 месеци воопшто не се наигра во Јунајтед, а и натпреварите на кои настапи се одамна заборавени.

Сигурно дека Јунајтед ќе направи се ова лето за да го продаде, а ќе биде вистинско чудо ако успее да остане на Театарот на соништата. Против него сега се свртеа и навивачите  бидејќи ја лајкна фотографијата на Чембрлеин на која тој и неговите соиграчи од Ливерпул го слават трофејот од ЛШ.

Не треба да се зборува деак Јунајтед и Ливерпул се лути ривали и дефинитивно ова повеќе ги повреди навивачите на Олд Трафорд отколку неговите очајни игри од доаѓањето од Арсенал.