Навивачите го нападнаа Гризман: Кловну, разбуди се! 🎥


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Навивачите на Барселона воопшто не се задоволни со нивните сегашни ѕвезди, а бесот го истурија врз Антоан Гризман, кој не е вистински лидер на екипата по заминувањето на Лионел Меси.

Меси ги растажи сите навивачи откако потпиша за ПСЖ, па најголемата одговорност во екипата од Каталонија падна врз Гризман, кој засега не ги оправдува очекувањата.

Французинот не се покажа најдобро на првите два меча од сезоната и изгледа дека не е во форма, па поради тоа го нападнаа навивачите на Барселона.

„Разбуди се Гризман, кловну!“, викаа гневните навивачи додека Гризман поминуваше со неговиот автомобил.