Навивачите го запреа Лапорта и му порачаа да ги доведе Меси и Халанд – неговиот одговор е хит (Видео)


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Барселона вчера без поголеми проблеми на Монжуик ја совлада Жирона со 4:1 во натпревар од 29. коло на Ла Лига, а во центарот на вниманието се најде претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, кому навивачите му порачаа да ги доведе Лионел Меси и Ерлинг Халанд летово.

Додека автомобилот во кој беше Лапорта поминуваше, навивачите на Барселона успеаја кратко да го запрат, и имаа порака за претседателот на овој клуб.

„Доведете ни ги Лионел Меси и Ерлинг Халанд“, кажаа навивачите на Барселона, а Лапорта одлучи да им одговори.

„Го имаме Ламин Јамал“, кратко, со насмевка на лицето, порача претседателот на каталонскиот клуб.