Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал денеска си договорил големо засилување, а тоа е Вилијан, кој треба да пристигне од редовите на градскиот ривал Челси.
Вилијан наскоро ќе стане слободен фудбалер, откако ќе му заврши соработката со Челси, а „топчиите“ сред една од најголемите финансиски кризи во историјата на клубот му понудија одличен договор.
Иако за три дена Бразилецот ќе наполни 32 години, тој ќе добие тригодишен договор со 100.000 фунти неделна плата.
Навивачите поради тоа се лути затоа што клубот неодамна објави дека поради финансиски проблеми мора да отпушти дури 55 вработени, но и покрај тоа сега најдоа пари за Вилијан.