„Навивачите ќе го замразат Трент ако замине во Реал Мадрид“


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Поранешниот стопер на Ливерпул, легендарниот Џејми Карагер, го коментираше статусот на Трент Александер-Арнолд и неизвесноста околу неговиот договор.

Карагер, кој е долгогодишна легенда на „црвените“, упати предупредување до младиот дефанзивец во контекст на шпекулациите за негово заминување во Реал Мадрид.

„Најголемиот проблем не е само тоа што Трент може да замине, туку начинот на кој тоа би се случило. Ако замине без надоместок, клубот ќе загуби играч кој моментално вреди најмалку 80 милиони евра. Тоа нема да биде добро прифатено од навивачите,“ изјави Карагер.

Карагер го спореди случајот со оној на поранешните ѕвезди на клубот, Мајкл Овен и Стив Мекманаман, кои исто така заминаа во Реал Мадрид. Мекманаман го напушти клубот бесплатно, додека Овен донесе 12 милиони евра. Карагер верува дека слично сценарио би можело да се повтори со Александер-Арнолд, што би било огромен удар за клубот.