Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус, по поразот од Бенфика во Лигата на шампионите (0:2), мораа да ги издржат критиките и негодувањето пред навивачите, а таму беа сите освен двајца играчи од „бјанконерите”.
Еден од отсутните беше и српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ (освен него и Даглас Луиз).
Игнорирањето на навивачите во ситуација кога тие се најемотивни, бесни, кога го истураат бесот кон играчите, никако нема да му помогне на Влаховиќ да ја подобри својата позиција кај ултрасите на клубот.
Да потсетиме, српскиот фудбалер не е во добри односи со најжестоките приврзаници уште од мечот со Венеција (2:2) кога се најде под најсилен удар, токму по една ваква слична сцена пред трибината со најверните.