Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Арсенал минатата ноќ пристигна во Париз со гол дефицит по првиот натпревар одигран во Лондон, но и синоќа беа поразени.
Арсенал доминираше во првото полувреме, особено на самиот почеток, но домашниот тим замина на пауза со водство.
Се играше 27. минута кога Фабиан Руиз постигна прекрасен гол за водство на неговиот тим.
Во второто полувреме ПСЖ промаши пенал и многу сметаа дека тоа ќе биде моментот кој ќе донесе пресврт на страната на Арсенал. Тоа не се случи, а ПСЖ во 72. минута постигна втор гол. Стрелец на голот беше Ашраф Хакими.
Надежта кај Арсенал ја врати Букајо Сака со гол во 76. минута, а само две минути подоцна можеше да израмни на 2:2, но промаши празен гол.
Сепак, навивачите на Арсенал се лути на друг играч кој е еден од виновниците за вториот гол на ПСЖ, и одигра многу лош натпревар.
Станува збор за Парти кој ужасно реагираше при вториот гол на тимот од Франција.
Навивачите на Арсенал не сакаат повеќе да молчат и испратија јасни пораки до раководството на тимот за кој навиваат.
Фото: Грок АИ