Навивачите на Атлетико покажаа колку го „сакаат“ Роналдо во нивниот тим (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во последните денови се поврзува со Атлетико Мадрид, но таков трансфер нема да се реализира откако се јави претседателот на клубот и кажа дека таа приказна е измислена.

Атлетико денеска во пријателски меч славеше со 4-0, а навивачите на екипата испратија јасна порака до Роналдо.

„Роналдо не е добредојден“, пишува на транспарентот кој го закачија на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Ова е уште една „корпа“ за Роналдо за кој се шпекулира дека би можел да го засили Наполи, но тоа во моментов делува како нова приказна, која ќе има неуспешен крај, откако претходно пропаднаа неколку опции за Португалецот.