Навивачите на Болоња пресреќни: Михајловиќ го имаше повикот кој го очекуваа сите?

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ според италијанските медиуми го контактирал Златан Ибрахимовиќ, кој во моментов ужива во заслужениот одмор по напорната сезона во МЛС-лигата.

Ибрахимовиќ веќе неколку недели го поврзуваат со различни екипи, како и со враќање во Италија, а таму за него се заинтересирани Наполи, Милан и Болоња.

„Кориере дело Спорт“ објави дека во моментов Болоња е во најдобра позиција да го ангажира Ибрахимовиќ, а за тоа лично ќе се погрижи Михајловиќ, кој наводно имал телефонски разговор со Швеѓанецот.

Ибра има договор со Лос Анџелес Галакси до крајот на годинава, а во јануари ќе соопшти дали ќе остане во Америка или ќе се врати во Европа.