Навивачите на Борусија Менхенгладбах ги „наполнија“ трибините во Бундеслига (ФОТО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бундеслигата е една од најдобрите европски лиги, каде што фудбалот го доживеа својот рестарт по двомесечна пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Еден од најинтересните дуели се играше на „Борусија Парк“ каде што беа 10.000 „картонски кутии“ со лицата на навивачите на Борусија Менхенгладбах  на мечот против Баер Леверкузен.

Во минатиот период секој од навивачите за 10 евра можеше да си „купи“ место на стадионот на начин каде што ќе беше поставена картонска кутија со неговиот лик.

Дури 13.000 навивачи решија да си купат „картонски кутии“ и да ги сместат денеска на стадионот на Борусија.