Навивачите на Челси ќе збеснат: Мареска ќе остане тренер дури и да не обезбеди место во ЛШ!


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Раководството на Челси сака Енцо Мареска и наредната сезона да биде тренер на лондонскиот фудбалски клуб, пренесе вечерва Би-Би-Си.

Британските медиуми наведуваат дека спортските директори на Челси Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли планираат Мареска да остане во клубот од Лондон најмалку до јуни 2026 година дури и во случај „сините“ да не обезбедат пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Челси два кола пред крајот на сезоната се наоѓа на петото место на табелата на Премиер лигата со 63 бодови. Лондонскиот клуб до крајот на сезоната во англискиот шампионат ќе игра против Манчестер Јунајтед и Нотингем Форест.

Фото: Grok AI