Навивачите на Челси нема да бидат среќни: Абрахам ќе потпише за голем ривал!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тами Абрахам имаше добри настапи за Челси, но премиерлигашот реши да го продаде и на негово место да го ангажира Ромелу Лукаку, а тоа се покажа како огромна грешка.

Абрахам сега се поврзува со враќање во Премиерлигата, но не во екипата на Челси, туку во жестокиот ривал Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ останаа без Кристијано Роналдо во декември, но го земаа Вут Вегхорст на позајмица, иако не го гледаат како трајно решение.

Тренерот Ерик Тен Хаг го сака Виктор Осимен од Наполи, но газдата на клубот беше јасен дека одличниот напаѓач не е на продажба, па поради тоа „ѓаволите“ се насочија кон Абрахам.