Навивачите на Челси покажаа што мислат за Стерлинг (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рахим Стерлинг го напушти Манчестер сити, по што потпиша за Челси и тој е прво засилување за тимот во ерата на новиот газда Тод Боели.

Доаѓањето на Стерлинг предизвика еуфорија меѓу навивачите на Челси, а за тоа сведочат и сцените од САД, каде што гигантот се наоѓа на подготовки.

Пред тренингот на екипата, Стерлинг го пречекаа голем број навивачи на тимто од Лондон со желба да добијат автограм и фотографија.

Стерлинг за „граѓаните“ одигра 339 натпревари и постигна 131 гол, а со тимот освои четири титули во Премиерлигата и седум други трофеи.

 Исто така, англискиот репрезентативец ќе добива повеќе пари во Челси, отколку во Сити, а тоа се околу 300.000 фунти неделно.