Навивачите на Еспањол ова нема никогаш да му го заборават на Шчесни


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Барселона синоќа на стадионот на градскиот ривал Еспањол ја обезбеди титулата шампион на Шпанија, а потоа следеа непријатни сцени меѓу играчите на двата клуба. Но, меѓу ретките кои покажаа што значи да се биде вистински господин беше Војчех Шчесни, кој доби дури и пофалби од навивачите на Еспањол.

Шчесни не ја потенцираше премногу победата и освоената титула, но одлучи да го спомне голманот на Еспањол, Хоан Гарсија, поради што доби симпатии од навивачите на тој клуб што навистина ретко се случува.

„Сакам јавно да го пофалам Хоан Гарсија. Мислам дека тој е најдобриот голман во Ла Лига оваа сезона. Пред него е блескава иднина и на срце му посакувам сè најдобро“, изјави Шчесни.

Фото: Принтскрин