Навивачите на Фиорентина го нападнаа Влаховиќ: Никој нема да те спаси! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ е на праг да потпише за Јувентус и да ја напушти Фиорентина, но тоа не им се допаѓа на навивачите на клубот од Фиренца.

Познато е дека го мразат гигантот од Торино уште откако Роберто Баџо го замени дресот на Фиорентина со тој на Јувентус, а неодамна во поранешниот шампион замина и Федерико Кјеза.

Поради тоа на улиците на Фиренца беа закачени неколку транспаренти со навредлива порака за српскиот напаѓач.

„Ниту телохранителите нема да ти помогнат. Готов си!“, пишуваше на транспарентот.

Влаховиќ оваа сезона постигна 17 голови за Фиорентина и во моментов го дели првото место на листата на стрелци со Чиро Имобиле, а се очекува во текот на денов да биде реализиран трансферот на Србинот во Јувентус.