Навивачите на Јунајтед бараат оставка од Глејзерови!


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Една група на навивачи на Манчестер јунајтед се појави пред тренинг-центарот на тимот и така протестираше против газдите на клубот.

Навивачите со нив носеа транспаренти со кои побараа оставка од раководството на клубот, односно заминување на семејството Глејзерови.

Бунтовниците се појавиле во девет часот наутро и се обиделе да влезат во тренинг-центарот, но тоа не им било дозволено, по што ги блокирале влезовите за фудбалери.

Џоел Глејзер вчера им се извини на навивачите поради потегот на тимот за влез во Суперлигата, додека директорот Ед Вудворд си даде оставка, но тоа не го намали незадоволството кај фановите.