Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Погба би можел да го напушти Манчестер јунајтед и тоа уште во јануари. Французинот одби да преговара за нов договор, па објасни дека не ја променил одлуката и нема намера да остане во англискиот гигант.
„Ѓаволите“ сигурно ќе се обидат да го продадат наредното лето, или како што се надева Погба, можеби ќе замине уште во јануари.
Како најголеми кандидати за неговиот потпис се споменуваат Јувентус и Реал Мадрид, но неговата преселба во шпанскиот гигант најмногу зависи од останувањето на Зинедин Зидан.
Што се однесува до Јувентус, тие се надеваат дека ќе се ослободат од неколку фудбалери, најверојатно Пауло Дибала и Марио Манџукиќ, а потоа ќе тргнат по потписот на својот поранешен клуб.