Навивачите на Јунајтед се бесни: Како може голот на Миделзбро да е признат? 🎥


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер јунајтед синоќа загуби по пенали од Мидлзбро, па така гостите се пласираа во осминафинале на ФА-купот, откако во регуларниот дел беше 1-1, а потоа на пенали триумфираа со 8-7.

Сепак, немаше да има пенали ако судијата Ентони Тејлор го поништеше контроверзниот гол на гостинската екипа.

Данкан Ватмор играше со рака во казнениот простор на Јунајтед и потоа ја затресе мрежата на домаќините за 1-1.

„Мислев дека не го удри намерно топката во рака, зашто не ја исконтролира топката. Беше ненамерно, па затоа мислам дека голот е регуларен“, кажа поранешниот судија Марк Клатенбург.