Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан денеска го потврди ангажманот на Марио Манџукиќ, кој потпиша договор до крајот на сезоната со „росонерите“, а има можност да ја продолжи соработката на уште една година.
Манџукиќ во Италија претходно настапуваше за Јувентус и притоа ги освои навивачите на актуелниот шампион, но денеска сигурно некои ги заболе срце откако потпиша за „росонерите“.
Навивачите на шампионот испратија порака до Манџукиќ.
„Марионе секогаш ќе бидеш во нашите срца поради она што го направи, поради твојата предност и посебниот однос кој го имаше со сите нас. Те сакавме поради борбеноста која ја прикажуваше во секој натпревар. Те сакавме поради стравот кој го предизвикуваше кај секој противник. Долга е листата за работи поради кои те сааме, но навистина сакавме еден таков играч. Меѓутоа, Марионе идните шест месеци ќе бидеш играч на Милан. Ти си професионалец и сакаше да се вратиш во Италија. Не те осудуваме што потпишуваш за нашиот ривал, но нас ќе боли да те гледаме како противник на теренот и мислиме дека ќе те боли и тебе. Драг Марионе, ти посакуваме се најдобро во овие шест месеци и да ги поминеш во најдобро расположение, но без победи. Твоите навивачи на Јувентус“, напишаа тие.