Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Напаѓачот на Јувентус и српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ, повторно се најде во центарот на вниманието по ремито со Венеција во последното коло од Серија А. Иако успеа да постигне гол во завршните секунди од натпреварот, со кој го спаси својот тим од пораз, навивачите на „Старата дама“ изразија незадоволство од неговата форма и настапите оваа сезона.
Голот на Влаховиќ беше доволен за да обезбеди бод за Јувентус, но не и за да ги смири гневните навивачи.
„Го разбирам незадоволството од резултатите во последно време и имате целосно право да го изразите. Секогаш ве почитував давајќи сè за дресот и ви благодарам за секојдневната поддршка. Сега е потребно да продолжите да навивате за тимот и да продолжиме заедно напред“, им порача фудбалерот.