Навивачите на Ливерпул полудеа: Не можат да поверуваат што направи Слот по уште еден кикс на „Енфилд“ (Фото)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Ливерпул игра слабо, на моменти се будат, но тоа брзо паѓа во заборав, исто беше и во 14. коло на англиската Премиерлига.

Редсите по гостинската победа против Вест Хем 2:0, повторно разочараа на Анфилд.

Во 14. коло ремизираа со Сандерленд резултат 1:1 и никако да влезат во серија победи, а она што ги загрижува навивачите е слабата игра воопшто.

Ливерпул на теренот изгледа непрепознатливо. Нема енергија, брза игра, сето она што ги красеше актуелните шампиони на Англија.

Кризата е очигледна, а Управа на клубот даде поддршка на холандскиот експерт Арне Слот.

Навивачите на Ливерпул ќе бидат дополнително разгневени и од фотографијата по натпреварот против Сандерленд.

Не им е доволно што нивниот тим игра лошо, сега Слот одлучи да “досоли” на раната.

Имено, по натпреварот во кој Ливерпул спасуваше еден бод на својот терен, Слот со насмевка на лицето им пријде на играчите на Сандерленд.

.