Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Навивачите на Ливерпул бараат од управата на клубот во јануари да продадат двајца фудбалери по ужасниот настап против Сандерленд на домашен терен.
Екипата предводена од Арне Слот продолжува да губи бодови во Премиер лигата, и сега се наоѓаат на осмото место на табелата по 14 одиграни натпревари.
Сандерленд синоќа гостуваше на Енфилд и дојде до предност од 1:0 откако Чемсдине Талби постигна гол во 67. минута од натпреварот.
Навивачите на Ливерпул полека се навикнуваат на лошите игри на својот тим, но синоќа беа посебно фрустрирани од играта на двајца фудбалери.
Пак беше Ибраима Конате на мета на домашните навивачи поради слабата игра.
“Не сум сигурен на која планета е Конате оваа сезона, но на земјата сигурно не е.”
“Не можам да поверувам какви работи Конате прави на теренот.”
Сето ова следи по јавната критика од легендата на Ливерпул Џејми Карагер.
Конате не е единствениот играч кој беше критикуван од навивачите на Ливерпул, истото важи и за Џо Гомез.
“Џо Гомез е најлошиот играч што некогаш сум го видел да игра за Ливерпул.”
















