Навивачите на Манчестер Јунајтед во транс, Рио Фердинанд го потврди првото засилување на клубот (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер Јунајтед се во очекување клубот да донесе нови засилувања во јануарскиот преоден рок со кои би се подобрила играта која годинава не е баш најдобра.

Легендата на клубот, Рио Фердинанд на Твитер профилот со кратка објава ги запали фановите на „црвените ѓаволи“.

Рио кратко напиша „Бруноооо“ со што алудираше на трансфер на фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш. Околу половина час по оваа објава, Рио објави уште еден статус во кој напиша: „И јас седам и чекам исто како вас, продолжете да го следите Твитер профилот на Манчестер Јунајтед“.

Се верува дека Манчестер Јунајтед ќе го обезбеди трансферот на Бруно ФЕрнандеш за 40 милиони фунти плус Маркос  Рохо.