Навивачите на Милан ги збуни објава на Ибра: За кого играш ти? (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ се врати во Шведска и повторно го налути раководството на Милан. Швеѓанецот во понеделник се повреди на тренинг, но набрзо се појавија информации дека не станува збор за тешка повреда, а еден ден подоцна тој возеше мотор на улиците на Милано.

Ибра има следен преглед за 10 денови, а во меѓувреме се врати во татковината каде што ќе остане до 3 јуни, но по враќањето во Италија ќе мора повторно да оди во изолација, додека првенството во Италија ќе продолжи на 20 јуни.

Шведскиот напаѓач е еден од газдите на Хамарби од неодамна и интересно е тоа што на своите профили постојано објавува пораки поврзани со тој клуб.

Тоа ги налути навивачите на Милан, кои го прашаа Ибра за кој клуб настапува и зошто толку многу се посветува на Хамарби наместо на сегашниот тим.