Навивачите на Милан во делириум: Шевченко сака да седне на клупата на клубот


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Прославениот напаѓач на Милан, Анреј Шевченко не ја крие намерата дека сака да се врати на „Сан Сиро“, но овој пат како тренер.

Украинецот од 2016 година работи како селектор на својата земја со голем успех, а Украина си обезбеди и сигурен пласман на Европското првенство токму под водство на Шева.

„Сакам да се вратам во Милан еден ден како тренер, тоа е една од моите цели. Тој клуб секогаш ќе биде во моето срце и кон неговите навивачи гаам посебни чувства. Но, ајде да видиме дали некогаш ќе се случи тоа. Засега сум фокусиран само на репрезентацијата“ –изјави Шевченко кој во Милан помина осум години и постигна 175 погодоци.