Навивачите на Наполи бесни: Дресовите на Игуаин пливаат во тоалетни школки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Наполи не ја прифатија добро веста за лекарските прегледи на Гонзало Игуаин во Мадрид во пресрет на премин во Јувентус, Аргентинецот мора уште само да стави потпис на четиригодишен договор со шампионот на Италија и трансфер вреден 94 милиони евра наскоро треба да биде готов.

„Не можеш да пееш со Курва А и Б на Сан Паоло, па да преговараш со Јувентус“, предупреди контроверзниот претседател на Наполи Аурелио Де Лаурентис за Гонзало Игуаин, но Аргентинецот не го послуша и се одлучи да потпише за лутиот ривал на Наполи.

Дресовите на Наполи со бројот девет и презимето на Игуаин веќе почнаа да пливаат по тоалетните школки, а наскоро ќе почне да гори и дел од темпераментниот италијански југ, Јувентус на преговарачката маса однесе уште една голема победа за северот.