Навивачите на ПСЖ го чекаа Меси, ама тој не дојде! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси најверојатно во следните денови ќе стане фудбалер на ПСЖ, откако се раздели од Барселона пред неколку дена, а вчера имаше и прес-конференција на „Камп Ноу“.

Меси прифатил понуда од францускиот вицепрвак и ќе се пресели на „Паркот на принцовите“, каде што ќе игра во следните три сезони и ќе заработи 120 милиони евра.

Навивачите на францускиот гигант беа подготвени уште денеска да го дочекаат Меси, па се собраа на аеродромот и стадионот, но залудно.

Меси уште се наоѓа во Барселона и најверојатно денеска нема да пристигне во Париз, па навивачите залудно го чекаа Аргентинецот да пристигне во Париз.